Понекогаш животот нѐ става на испит, чисто за да ги повториме лекциите кои сме ги учеле. Да види дали навистина знаеме нешто. Да види како ни оди во пракса она за коешто само филозофираме. Има доволно филозофи, но животот си бара и практичари.

Тој ни ги покажува сите свои нијанси, сенки и чудни работи, со кои ги тера тажните да се насмејат, а радосните да заплакаат.

Затоа што животот е чудо.

Е мој животе, иако доброме познаваш, си се излажал кога си го составувал овој испит за мене. Не можеш да ме давиш толку колку што јас можам да го држам здивот под вода. Не можеш веќе гладен повторно да ме изгладнуваш, затоа што јас одамна знам како се преживува на леб и вода.

Колку и да се трудиш, повеќе не можеш да ми наштетиш, затоа што најголемото зло ми го нанесе кога пред 25 години се родив на овој свет и на ова место. Истовремено тогаш ми ја направи и најголемата улога.

Јас веќе бев гладен, жеден, гол, бос, болен и сам. Што ми можеш сега? Мислиш дека можеш да ми наштетиш со неколку изгубени можности, неколку непроспиени ноќи, со пар проголтани кнедли пред стравот и оној мал провев во паричникот?

Смешен си. Па, ако јас се плашев од сѐ она што ми го фрлаше на патот, ќе се откажев уште пред да проодам. Сега ти е доцна. Образоваше тврдоглав инаетчија кој ти е рамен во секој поглед.

Затоа денес не ми можеш ништо, затоа што мојата цел е поголема од твоите препреки, па не ја губам од вид, затоа што мојата мотивација не е нешто материјално со коешто ти владееш, туку е љубов која длабоко во себе ја имам скриено од твојата минливост.

Ниту денес, ниту некогаш во иднината ќе можеш да ми наштетиш, затоа што верувам во подобро утре исто како што слепиот човек верува дека постои сонцето. Можеби сѐ уште не сме го виделе, но го чувствуваме. Сјае.