Откажани сите концерти на Филхармонија до крајот на март

Согласно новонастанатата ситуација во нашата земја и водејќи се од најновата препорака од Владата, која беше донесена на 10 март 2020 година, а истата се однесува за одложување на јавните собири и настани, НУ Филхармонија ги одлага сите концерти заклучно со крајот на месец март.

„Средствата за билетите што нашата публика веќе ги има купено на билетарница ќе им бидат вратени, а доколку билетите се купени онлајн, тогаш купувачите треба да испратат електронска порака на bileti@filharmonija.org.mk. Во неа треба да го наведат бројот на нарачката, датумот и саатницата кога е иницирано плаќањето и средствата ќе им бидат рефундирани по електронски пат“, информираат од Филхармонија.

Билетарницата на Филхармонија ќе работи од понеделник до петок со скратено работно време од 10-14 часот.

За понатамошната реализација на програмата, Филхармонија дополнително ќе ја информира јавноста.