Откажана наставата во ОУ”Петар Здравковски Пенко” во Бутел бидејќи ќе нема парно греење во целата населба

Градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски апелира до граѓаните утре ( понеделник 03.12.2018) да не ги носат своите деца на настава во ОУ”Петар Здравковски Пенко” бидејќи ќе нема парно греење во целата населба.

-Изгубената настава дополнително ќе се надокнади. Исто така децата од градинката во Скопје Север родителите ќе треба да ги однесат во градинката во Бутел 2. Благодариме за разбирањето, велат од Општина Бутел.