Откажан летот од Истанбул за Скопје на аеродромот „Александар Велики“

ТАВ Македонија соопштија дека поради временските услови, е откажан утринскиот лет од Истанбул до Скопје.

Според временската прогноза која ја добиле од М-НАВ, подобрување на временските услови се очекуваат по 10 часот, што треба да овозможи летовите да бидат реализирани според редовниот распоред на летање.

Од ТАВ Македонија ги потсетуваат патниците да ја следат веб- страницата на скопскиот аердром skp.airports.com.mk, каде сите можни промени во редовниот распоред на летање се ажурираат во реално време.