Откако собраа куп владини тендери, “Еден на еден“ прераснува во „Тендер на тендер“?

Компанијата “Еден на еден“ на ТВ водителот Жарко Димитриоски само годинава добила 9 тендери од различни институции во вредност од околу 18 милиони денари или 300.000 евра.

Откако медиумите објавија дека оваа фирма одлично заработила најмногу од владините тендери, познатиот инфлуенсер ДаркоВлогс се пошегува дека посоодветно име на компанијата и шоуто на водителот би било наместо „Еден на еден“ „Тендер на Тендер“…