Откако се ослободив од лутината кон тебе, конечно го пронајдов мојот мир

Се надевам дека си среќен, ти секогаш се задоволуваше кога ја гледаше мојата мизерија. Уште од самиот почеток, јас имав претчувство дека ти ќе бидеш отровот во мојот живот, но сепак паднав на твоите зборови и игри и тоа ептен се залетав.

Се трудев да држам дистанца и тоа долго се трудев. Се трудев да бидам бистра и да си го чувам срцето и да не вплеткам во мрежата за која верував дека е исплетена од лаги и да не верувам во ниту еден збор, но моето срце имаше поголема контрола од мојот ум.

Јас дури не ни забележав дека сум се приврзала се додека не почна да правиш работи за да ме повредиш. Едно време мислев дека не си свесен дека тоа што го правиш ме повредува, но потоа сфатив дека многу добро знаеш што правиш и дека уживаш во тоа да ме повредуваш.

По апсолутниот пекол низ кој ме влечеше, те мразев. Те мразев со секој дел од мојата душа. Постојано мислев на сите ужасни работи кои ми ги правеше, кои ми ги кажуваше и колку лошо се однесуваше со мене. Не можев да разберам како се однесуваше толку лошо со мене, а знаеше дека те обожавам.

На крај морав да се ослободам, морав да се ослободам од лутината и омразата и од тебе. Се држев за нешто што беше отровно за мене како личност и не можев повеќе да се чувсствувам лошо поради нешто што ти си го направил.

И така ти простив. Да, ти простив. Знам дека ти сакаше да те мразам, ти сакаше да мислам на тебе цело време, сакаше да имам несоници и сакаше секогаш да те сакаш. Иако ти никогаш не ме сакаше. Сакаше само некој да те сака и во тој момент таа личност бев јас.

Затоа, фала ти. Не, не прочита погрешно, фала ти. Ме научи како да бидам подобра личност иако поради тебе го допрев дното пред повторно да се искачам на врвот. Ти направи да го видам својот потенцијал. И на крај, фала ти што ме направи посилна и попаметна. Сега знам од кој тип на машки да бегам што е можно подалеку.

Се надевам дека еден ден ќе пораснеш. И не се обидувај повторно да влезеш во мојот живот. Повеќе не можеш да ме повредиш затоа што јас нема да ти дозволам.