Откако добил прекин на затворската казна, Красниќи повторно избегал од државата - пред две години беше екстрадиран од Косово

 Бесим Красниќи од Кондово, кој по години бегство, во 2024 година беше екстрадиран од Косово и беше спроведен во затворот „Идризово“, повторно избегал од Македонија, дознава порталот „Слободен печат“.

Според информациите на порталот, Бесим, кој инаку му е брат на познатиот кондовец Агим Красниќи, добил прекин на затворската казна и избегал.

Красниќи се бараше со меѓународна потерница по наредба на Основниот кривичен суд Скопје за издржување на казна затвор за сторени кривични дела разбојништво, тешки дела против општата сигурност и казнување за подготвување во врска со кривично дело тероризам.

Тој заедно со уште тројца, беше уапсен на 5 мај 2024 година Урошевац, Косово, а меѓу уапсените бил и брат му Агим Красниќи.