
Голем сообраќаен метеж денеска на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.
Според информации објавени на социјалните мрежи и кај одредени портали, граѓаните се соочуваат со долги колони возила и отежнато движење, при што се чека и повеќе еден час.
Ваквата ситуација создава револт и напнатост кај возачите, како и кај пациентите и нивните придружници, кои откако ќе завршат со здравствените проверки или интервенции, остануваат дополнително заглавени во метежот и некомфорот.
ФОТО: Фокус