Отец Ивица: Македонците имаат почит кон сите, бараме и другите да нѐ почитуваат нас

Македониците имаат почит кон сите, но бараме и другите да нѐ почитуваат нас, порача денеска од мостот пред зградата на Јавното обвинителство, отец Ивица Тодоров, кој присуствува на протестниот марш во чест на Никола Саздовски.

„Пред неколку дена ја испративме неговата душа, денес сме собрани со мисла во Македонија повеќе да нема убиства, без разлика од која страна доаѓаат. Тука сме да покажеме дека оние што го извршија овој чин треба да одговараат пред законите на државата. Да има мир, радост и младите да имаат вистински живот. Бог да го прости Никола Саздовски“, порача Тодоров.

Демонстрантите што застанаа на мостот пред Обвинителството кога полицијата не им дозволи да се доближат до зградата, оттука запалија свеќи во знак на почит кон Саздовски.

Навивачката група „Комити“, вчера, во своето соопштение на социјалните мрежи ги повика сите граѓани што се чувствуваат како Македонци, од кој било дел на државата, да дојдат заедно со своите семејства и пријатели и на мирен и достоинствен начин да го кренат гласот против неправдата.

– Да им докажеме на Европејците дека ние сме поинакви и сме поцивилизирани од другите. Ве замолуваме на најдостоинствен и мирен начин да го изразиме нашето незадоволство за селективната правда и да се избориме за најстрога казна на сторителите на ова грозоморно дело – велат од навивачката група.

Саздовски им подлегна на повредите, по деветдневна кома предизвикана од физички напад врз него од страна на три лица.