Освежувачка пита со јогурт и ронливо тесто

Се работи за лесен колач кој е одличен додаток на вашето утринско кафе, но и да го послужите на гости. 

За тесто:

Две жолчки
80 гр шеќер
80 гр путер
200 гр брашно
Лажичка прашок за пециво
Пола лажичка ванилин шеќер

За фил:

400 гр јогурт
80 гр шеќер
30 гр брашно
Две белки

Подготовка:

Изматете ги жолчките, шеќерот и ванилиниот шеќер додека смесата не стане светло жолта. Додавајте го стопениот путер додека матите. Претурете го брашното и прашокот за пециво, прво измешајте со лажица, а потоа замесете тесто и поделете го на два дела. Секое топче завиткајте го во фолија и оставете го во фрижидер најмалку 30 минути. 

Во посебен сад измешајте го јогуртот со шеќерот, ставете го брашното и измешајте. Изматете ги белките и додајте ги во оваа смеса. Мешајте додека да добиете рамномерен фил. 

Ставете хартија за печење во намастен калап. Едното тесто убаво нанесете го во калапот, да биде еднакво распоредено. Ставете го филот и врз него изрендајте ја другата топка тесто. Печете 35 минути на 180 степени. Посипете со шеќер во прав откако ќе се излади.