Осветлена пешачката патека на насипот во Ѓорче Петров

Осветлена е пешачката патека на насипот во Ѓорче Петров, која граѓаните ја користат за спортување и рекреација.

– Благодарение на Иван и Борче кои посветено работеа на отстранување на проблемот, патеката блесна во сиот сјај. Патеката на насипот во Ѓорче ќе стане атрактивно место за рекреирање на моите сограѓани. Од стадионот „Македонски лавови“, па се до граничењето со соседен Сарај ќе биде најубавото место во нашата општина, информира градоначалникот Александар Стојкоски преку својот фејсбук профил.

Тој посочува дека во изминатиот период, ова место често било предмет на критики за која жителите побарале да се уредува и осветли патеката, бидејќи, како што вели, е едно од култните места каде тие го поминуваат слободното време.

– Нема повеќе висока вегетација, купишта отпад и малку клупи и канти за отпадоци на пешачката патека кај насипот! Екипите на Ѓорче се веќе на терен и работат на средување на ова запуштено место, бидејќи го слушаме вашиот глас и важни ни се вашите мислења и потреби. Целта ни е вие да сте задоволни од изгледот на пешачката патека, која треба и мора да биде функционално и урбано место, каде од најмлади до најстари ќе го минуваме слободното време, ќе муабетиме, ќе разменуваме идеи, ќе се рекреираме, напиша Стојкоски.