
На големиот христијански празник Богојавление – Водици, кога небото и земјата се спојуваат преку верата, традицијата продолжува во дворот на Црквата Св. Ѓорѓи Победоносец во Сингелиќ, наведуваат од општина Гази Баба во поканата за традиционалното одбележување на големиот празник.
Светиот крст е симбол на победата на животот над смртта, на надежта, спасението и Божјата љубов. Со неговото положување во водата се извршува осветување на водите, кои носат благослов, здравје и духовна сила за секој дом и секој човек.Осветената вода е знак на прочистување – на телото и душата, на обновување на верата и зацврстување на заедништвото помеѓу народот.
Светиот крст во оваа скопска општина ќе биде положен во базенот во Црквата Св. Ѓорѓи Победоносец во Сингелиќ, а манифестацијата почнува во 10 часот, во понеделник.
- Ги покануваме сите верници и целиот православен народ да присуствуваат, заедно да се помолиме, да ја споделиме радоста на празникот и да ја продолжиме вековната традиција, наведуваат од локалната самоуправа на Гази Баба.