Осветена канбанаријата во црквата „Св.Никола“ во Љубанци (фото)

Камбанаријата во црквата Св.Никола во скопското село Љубанци вчера беше осветена, ден пред празникот Св.Никола (летен) . Насобраните верници присуствуваа на осветувањето, но и на поставувањето камен темелник на крстилницата и трепезаријата.

Минатата година почнаа активностите за конзервација, реставрација и статично зајакнување на стариот конак на манастирот „Свети Никола“ во скопското село Љубанци.

Манастирскиот комплекс „Св. Никола“ во Љубанци е несомнено едно од најзначајните светилишта на овој простор, кој во минатото го носел епитетот Света Гора.