Освен скршеници, мозочни и срцеви удари демнат од студот

Четворица скопјани завршиле со скршеници денеска претпладне и тоа – еден симнувајќи се од автобус, а тројцата лошо паднале чистејќи го дворот и движејќи се по пазарите, пренесе Плусинфо.

– Oд 7 часот изутрина па до 12 часот укажавме помош на четворица скопјани само за здобиени скршеници, па советуваме граѓаните многу да внимаваат на вакво особено  студено време и на движењето по замрзнатите улици и тротоари. Првиот совет е без  итна потреба воопшто да не се излегува надвор, а кога излегуваат граѓаните полека да се движат, народски кажано, како пингвини, а важно е рацете да се слободни и никако да не се држат во џеб! Туку рацете да се раширени при движење, па иако се изгуби рамнотежа, така се компензира за да не се падне. Може и чорапи да се носат преку обувките, за да се спречи или намали лизгањето по замрзнатите улици, на кои може да се падне и да настрада некој екстремитет и од обидот за фрлање ѓубре, што и сме го имале како случај – советува д-р Георги Карамановски, шеф на смена во Службата за итна медицинска помош во Скопје.

До вчера имаше повеќе од 50 скопјани кои се здобиле со скршеници.Треба да се внимава и поради зголемената опасност од добивање мозочен или срцев удар.