Осуммина останаа во Барселона, Виз Ер повторно ги извиси патниците

Осмумина патници синоќа останале во Барселона и не успеале да се качат во вчерашниот вечерен лет на авиокомпанијата Виз Ер кој сообраќа до Скопје. Полниот капицитет на авионот е причина за ова. На патниците им било објаснето дека поради голем број на патници нема да можат да влезат во авионот и ќе мора да бараат алтернативен начин да пристигнат во Скопје. 

„Авионот доцнеше повеќе од 2 часа, портите за влегување во авионот се отворија многу доцна и настана голема редица и страшна гужва. По скоро 1 час чекење ни беше соопштено дека компанијата продала поголем број карти од бројот на патници кои може да влезат во авионот и дека за жал нема да може да тргнеме за Скопје„, вели еден од патниците во изјава за Скопје Инфо.

Ова е втор ваков случај за оваа недела. Патник на оваа компанија останал во Скопје, бидејќи на летот за Германија имало повеќе патници од бројот на седишта во авионот. 

Големиот број патници не е единствениот проблем со кој во последно време се соочува оваа нискобуџетна компанија. Редовното доцнење на летовите за повеќе од 2 часа веќе станува секојдневен проблем. Патниците кои вчера се враќаат од Барселона во Скопје, полетаа и слетаа со повеќе од 2 часа задоцнување.

Дополнително, непрофесионалниот однос на екипажот во авионот е дополнителен проблем кои им создава главоболка на патниците. 

„Пилотите и стујардерсите беа непрофесионални. Постојано влегуваа во кок питот и шетаа низ кабината кај патниците. Колку тоа да е нормално, создава непријатност и неубава чувство кај патниците. Правилата велат дека стјуардесите треба да бидат на дофат на патниците, а на заедно со пилотите во кок питот„, додава патникот. 

Засега од Виз Ер нема коментар за редовните проблеми со кои се соочува компанијата.