Осумгодишно дете тешко повредено: Со детски мотор удрило во тракторска приколка

Осумгодишно дете од гостиварското село Дебреше е повредено откако со детски мотор удрило во паркирана тракторска приколка во дворот од семејната куќа.

Според информациите од МВР, вчера во 16:40 часот во ОВР Гостивар од Ургентниот центар Гостивар било пријавено дека кај нив со повреди било донесено детето.

Поради сериозноста на повредите, малолетникот бил префрлен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување лекарска помош.

За случајот бил известен јавен обвинител, а увидна екипа од ОВР Гостивар извршила увид на местото на настанот.