Осум вистини кои ќе ви го променат животот

„Ако секогаш ги одобрувате другите, вие сте нивен заробеник”.

Лао-це е еден од најпознатите кинески филозофи и од него можеме да научиме многу просветлувачки животни лекции. Тој е автор на делото „Tao Те чинг” и основач на таоизмот. Бил централна фигура во Кина со векови, а сега ќе знаете и зошто…

1. Веќе поседувате одговор на сите животни прашања

„Во средиштето на вашето битие лежи одговорот на сите прашања; знаете кој сте и што сакате”.

„Да се познаваат другите е знак на интелигенција; да се познаваш себеси е знак на вистинска мудрост. Владеењето со другите е сила; владеењето со себе е вистинска моќ”.

„Кога ќе се ослободам од тоа што сум, станувам тоа што би можел да бидам”.

2. Кога ќе се препуштите, тогаш се ослободувате

„Ако сакате да станете целина, дозволете си да бидете непотполни. Ако сакате да бидете во право, дозволете си да бидете виновни. Ако сакате да бидете исполнети, дозволете си да бидете празни. Ако сакате повторно да се родите, дозволете си да умрете”.

„Имате ли доволно трпение да почекате калта да слегне и водата да се разбистри? Можете ли да не се помрднувате додека вистинскиот чекор не се појави сам од себе?”.

3. Вашето его никогаш нема ви да донесе вистинска среќа

„Тој кој се дефинира себеси никогаш нема да знае всушност кој е”.

„Тој кој има моќ над другите нема моќ над себе”.

„Тој кој се обидува да заблеска ја пригушува сопствената светлина”.

4. Злото не умира кога се игнорира

„Не давајте на злото ништо на што би можело да се насочи и тоа ќе исчезне само од себе”.

5. Добрината секогаш победува. Злото секогаш губи

„Од добрите зборови произлегува доверба. Од добрите мисли произлегува продуховеност. Од добрината на давањето произлегува љубов”.

„Да се биде длабоко сакан дава сила, а да се сака некого длабоко дава храброст”.

6. Бидете тоа што сте

„Ако секогаш ги одобрувате другите, вие сте нивен заробеник”.

„Ако сте задоволен со тоа што сте без натпревар и споредување со другите, сите ќе ве почитуваат”.

7. Бидете скромни и ќе станете мудри

„Мудар човек е тој кој знае што не знае”.

„Се што тече на крај се влева во море, бидејќи тоа се наоѓа на помала висина. Неговата моќ е во неговата понизност”.

8. Промената е неизбежна – прифатете ја

„Ако сфатите дека се е подолжно на промени, нема да се обидувате цврсто да се држите до што било”.

„Ако не се плашите од умирање, нема нешто што не можете да го постигнете”.

„Новите почетоци често се претвораат во болни завршетоци.