
ЈП Водовод и канализација известува дека утре со прекин во водоснабдувањето ќе бидат дел од корисниците на општина Гази Баба.
Од таму информираат дека по барање од страна на фирмата Навипо Шипинг да се затвара вода, поради замена на затворач (шибер) Ф-80м на улица Индустрија бб., со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од следните улици:
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:30 часот до завршување на работните активности.
Исто така, поради изведување на водоводен приклучок Ф100мм. на улица Сречко Пужалка 60 А. со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од следните улиците: Сречко Пужалка и Товарник. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.