Осум пехари и една второ место за специјалната олимпијада Македонија

Нашите херои кои ги бранеа боите на Македонија на Летните олимписки игри на Специјална олимпијада што се одржа во Абу Даби, Обединетите Арапски Емирати вчера пристигнаа во Скопје. Македонските репрезентативци освоија три златни, еден сребрен и три бронзени медали.

Марио Мицковски освои два златни медала, во категориите 25 метри грбно и 50 метри слободен стил. Злато освои и Стефан Трпковски. Нивен тренер е Горан Андоновски.

Атлетичарот Ардијан Шабани и неговиот тренер Ифраим Љута освоија два медали во две трки, сребро на 25 метри и бронза на 50 метри.

Кошаркарската екипа освои бронзен медал, во клучниот меч против репрезентацијата на Буркина Фасо. Нивни тренери се: Ана Котевска, Раша Петровиќ и Дејан Дојчиновски.

Атлетичарката Сара Дураку, под менторство на тренерот Ифраим Љута, освои бронза на трката на 100 метри.
Македонската репрезентација учествуваше со 26 спортисти на Специјалната олимпијада во Абу Даби, а водач на делегацијата е Елена Зисовска.

Од оваа година и танцувањето стана олимписка дисциплина. Јулијана Петровска, чија професорка по танц е Евгенија Трифуновска, освои второ место во категоријата латино-танци.