Осум кривични пријави за фалсификувани ПЦР-тестови

Поднесени дури осум кривични пријави за лица кои прикажале факсификувани резултати од ПЦР-тест на граничниот премин Деве Баир. 

Како што соопшти МВР, кривични пријави се поднесени против Е.М.(34), Ф.Х.М.(33), двајцата од село Врапчиште, Гостиварско, Е.И.(31), Џ.И.(29), двајцата од Гостивар, Н.А.(42) од Кондово, Скопско, В.Б.(22), А.М.(35), двајцата од Студеничани, Скопско и Б.С.(25) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени осум кривични дела „фалсификување исправа“ и осум кривични дела „непостапување според здравствени прописи за време на пандемија“.

Пријавените, на Граничен премин „Деве Баир“ доставиле на увид негативни ПЦР-тестови, но при вршење на дополнителна проверка било утврдено дека тестовите се фалсификувани.