Осум домашни и странски екипи на меморијалниот турнир во кошарка „Драган Василов - Цевка“ во Аеродром

Од 15 до 18 септември ќе се одржи вториот по ред меморијален интернационален турнир во кошарка „Драган Василов – Цевка“  во Спортскиот центар „Јане Сандански“.Турнирот денеска на прес-коференција го најавија градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски, претседателот на Македонскиот олимписки комитет, Даниел Димовски, како и Горан Василов, син на кошаркарската легенда во чија чест се одржува овој турнир.

Ќе учествуваат осум екипи составени од кошаркари родени во 2008 година. Од Македонија ќе настапат кошаркарските клубови Вардар и МЗТ Скопје Аеродром, а гости се Балкан од Бугарија, Игокеа од БиХ, Будуќност од Црна Гора, Цедевита од Хрватска, како и Црвена Звезда и Триумф од Србија.

-Општина Аеродром ја негува традицијата и останува верен поддржувач на сите спортски и други манифестации со кои оддава почит на наши истакнати аеродромци, кои дале свој придонес во разлилни сфери и кои претставуваат добар пример за идните генерации - пипува во објавата на Општина Аеродром на Фејссбук. 

Меморијалниот турнир се одигрува во чест и спомен на еден од најпознатите стручњаци во областа на младинската конкуренција Драган Василов – Цевка кој почина во 2020 година.