Осум часа без струја една скопска општина

Поради планирани активности на електродистрибутивната мрежа, денеска (понеделник) без електрична енергија ќе останат делови од Радишани, во општина Бутел.

Прекинот е најавен во периодот од 08:00 до 15:00 часот, а без напојување ќе бидат корисниците од дел од улицата „34“ и дел од улицата „26“.

Според информациите, прекинот е потребен поради замена на околу 250 метри електричен вод и други зафати на мрежата во овој дел од населбата.