МВР информира дека вчера во 21:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во затворот Идризово осуденикот В.М. физички нападнал затворски полицаец.
Од полицијата посочија дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.