Осуденици од затвор Штип набавувале и продавале дрога во самиот затвор

Поднесена е кривична пријава против тројца осуденици од затвор Штип поради набавка и продажба на дрога во самиот затвор..

„СВР Штип поднесе кривична пријава против Е.Ј.(33) од Штип, Р.Е.(39) од Битола и С.К.(37) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Пријавените, осуденици во Казнено – поправната установа Затвор Штип  набавувале марихуана. Во август 2023, полициски службеници извршиле преглед над Е.Ј.,  при што била пронајдена и одземена марихуана, а исто така и во близина на теретаната во установата била пронајдена и одземена марихуана“ се вели во билтенот на МВР.