„Остави го таблетот, симни се пред зграда“ во среда во парк Капиштец

Едни од најчестите одговори што ги добиваме кога ќе ги прашаме децата што сакаат да бидат кога ќе пораснат е пејач/пејачка или глумец/глумица.

 

Фасцинираноста на најмладите со овие професии е разбирлива. Затоа одлучивме барем на неколку часа да им овозможиме да доживеат интересни драмски и музички изведби, но и самите да бидат дел од актерската игра на сцената.

Наредната работилница во рамките на проектот „На одмор сум, во Скопје сум – општина Центар мисли на мене“ е посветена на театарот и на музичките инструменти.

Децата ќе имаат можност да се вклучат како актери во нашата театарска претстава, да уживаат во изведбите на нашата позната пијанистка Дуња Иванова, но и да научат интересни работи за клавиновата/пијаното.

И во среда повторно оставете ги таблетите и симнете се пред зграда на заедничка дружба. 

Парк Капиштец: 22.08.2018 Час: 18:00 часот