Оставете трага...

Во текот на целиот живот се трудиме да создадеме нешто во животот. Нешто. Најчесто материјално, „видливо“. Се трудиме да оставиме нешто за нашите деца, да изградиме или да купиме, за нив да им биде полесно во иднината. Полесно од што ни било на нас...

На овој или на оној начин се трудиме да создадеме нешто. Нешто што можеме да му го покажеме на светот. Нешто што може да се допре, нешто што ќе зборува наместо нас.

Се трудиме да оставиме трага...

И тоа е океј.

Меѓутоа, далеку е поважно она што на прв поглед е „невидливо“. А тоа е прашањето: Во колку срца ќе оставиме трага?

И во колку срца веќе сме оставиле наши отпечатоци?

Колку луѓе веќе имаме усреќено, на колку луѓе им ја имаме згреено душата? Колку топлина сме донеле во туѓите животи? Колку луѓе се чувствувале добро поради нас? Без оглед дали се работи за најблиските или луѓе кои не ги ни познаваме. Можеби со добар гест или вистинскиот збор засекогаш сме оставиле трага во нивниот живот, иако можеби не се ни сеќаваме на нивните лица.

Е тоа е таа трага. Трага која засекогаш останува. Трага посилна од сите овие материјални докази. Посебна, енергетска трага која сите нас нѐ поврзува на едно повисоко ниво и прави нашите срца да чукаат како едно.

Затоа запрашајте се: Каква трага оставате? Видлива или невидлива? Нежна или груба? Топла или ладна?

Каква е?

Затоа што на крајот нема да биде важно колку недвижнини и пари сме направиле во животот, туку колку срца сме допреле и на кој начин.

nike air max 1 mens