Оставете се себеси и другите на мир

Понекогаш ми доаѓа на многумина да им дошепнам да престанат да се малтретираат себеси, постојано да си бараат мани, да се споредуваат со другите, да расчистат со минатото, да престанат да трчаат по иднината, да се грижат за направените грешки, да очекуваат совршенство од себе. И да сфатат дека додека го прават ова, едноставно не живеат. Воопшто не живеат. 

Оставете ги вашите деца на мир. Престанете да мислите дека баш само вие знаете што им е потребно за среќа. Престанете да живеете за нив, дури и ако ги имате најдобрите намери. Престанете да ги дресирате да реагираат на вашите заповеди и да ги учите само да бидат послушни. Престанете да им поставувате непремостливи препреки со кои ќе направите да престанат да мислат со своја глава. Престанете да ги оптоварувате со сопствените амбиции, да се обидувате да надоместите за сопствените неуспеси. Престанете да мислите дека секогаш мораат да ги исполнуваат вашите очекувања. 

Оставете ги вашите најмили на мир. Тие ве сакаат и вие ги сакате. Не им ги наметнувајте вашите мисли и карактеристики кои не ги поседуваат. Не ги оптоварувајте одеднаш со сите свои желби. Не барајте бесконечни докази за љубовта. Не ги понижувајте со контрола и патолошка љубомора. Не ги лишувајте од правото да бидат свои и да имаат личен простор. Не се претворајте во нивни господари. Не ги мачите со критики и претерани побарувања.

Оставете го целиот свет на мир и станете дел од него, не очекувајте дека мора да бидете центар на светот. Само воодушевувајте му се на светот околу вас. Живејте си го животот. Правете го она што можете да го правите. Прифатете го текот на животот. Живејте со отворен ум. 

Не пријатели, ова не се совети, ова се само заклучоци од повеќегодишно набљудување. Погледнете кои се најчестите извори на несреќа: хронична неспособност да ги оставите работите на мир, вклучувајќи се и себеси тука. 

Обидете се да се смирите.