Оставен отров во куќарка за кучиња во Аеродром

Во 23 часот и 15 минути во Полицијата “Карпош“ било пријавено дека на улицата “Разловечко Востание“ пред станбена зграда пронајдени биле две отруени кучиња.

Од страна на увидна екипа од СВР-Скопје излезено е на местото на настанот и бил извршен увид.

Денеска во 08 часот и 45 минути било пријавено дека на подрачјето на  “Аеродром“ на булеварот “Јане Сандански“, од страна на непознато лице бил оставен отров во куќарка за куче.

Се превземаат мерки за расчистување на случаите.