Остануваат средства за уште околу 4.000 субвенции за инвертери

Во текот на изминатите 10 дена поднесени се 1.006 апликации за субвенции за инвертери, а остануваат средства за уште околу 4.000 барања. Според досегашните бројки, следната зима во Скопје би требало да има околу 1.000 домаќинства кои ќе го сменат начинот на греење, или кажано поинаку, ќе имаме околу 1.000 потенцијални загадувачи помалку од претходната грејна сезона. Ова значително ќе го подобри квалитетот на воздухот затоа што директно ќе влијае во борбата против загадениот воздух.

Досега по општини аплицирале: Кисела Вода 200, Ѓорче Петров 166, Гази Баба 136, Бутел 118, Карпош 105, Аеродром 98, Чаир 87, Центар 63, Шуто Оризари 23 и Сарај 10 граѓани.

Повикот ги опфаќа граѓаните кои купиле инвертер од 01.01.2020 година, до завршувањето на повикот на 30.11.2020 години или до денот на исцрпување на средствата. На граѓаните ќе им бидат целосно надоместени трошоците за набавка на инвертер уред, но не поголема од 62.000 денари во нето износ.