Јавното сообраќајно претпријатие Скопје нема никакви проблеми во тековното работење и во моментов е во стабилна финансиска состојба, поради поддршката од Град Скопје и Владата во вид на субвенции за бесплатниот јавен превоз и потешкотии при функционирањето.

Од ЈСП Скопје за информираат дека и покрај фактот дека цената на нафтата секојдневно варира, став на Град Скопје и ЈСП Скопје е цената на билетите да остане непроменета во интерес на корисниците.

Користењето на електронските картички и функционирањето на АВЛ системот во автобусите на ЈСП Скопје е во функција веќе втора година. Од претпријатието информираат дека секојдневно се соочуваат со одредени предности, но и недостатоци.

Дел од предностите се подобра информираност на патниците, подобрена мобилност, придобивки во планирањето, спроведување и контрола на јавниот превоз, статистика за бројот и категоријата на патници по коридори, линии постојки, оптимизација на возните редови, пратење на возилата во реално време.

– Недостатоците ги има, но секојдневно се трудиме да најдеме решение и да ги сведеме на минимум во насока на подобрување на јавниот превоз, посочуваат од ЈСП Скопје.

Од претпријатието информираат дека во моментов интензивно работат на осмислување проекти што би следеле во иднина и секојдневно се работи на подобрување на јавниот превоз, во соработка со предлозите на граѓаните и соодветните општини.

ЈСП Скопје располага со 417 автобуси од марките: LAZ, Yutong, SANOS и 24 минибуси. Секое утро граѓаните на Град Скопје се опслужуваат со околу 287 автобуси на вкупно 92 градски и приградски линии. На годишно ниво се пренесуваат околу 47 милиони патници. Автобусите се одржуваат и поправаат во двете автобази на ЈСП Скопје, во Автокамнда и во Ѓорче Петров. Тенденција на раководството на ЈСП СКОПЈЕ е набавка и веќе е планирана на нови автобуси на природен гас – CNG кои дополнително би ја подобриле услугата, но и би придонеле за намалување на загаденоста.