Останал без велосипед и паричник - пробиштипјанец ограбен од три лица во центарот на Скопје

38-годишен пробиштипјанец насилно ограбен во центарот на Скопје од три машки лица.

Како што се наведува во полицискиот билтен, ноќеска во 00:40 часот во СВР Скопје, Б.М.(38) од Пробиштип пријавил дека претходно околу 23:50 часот на подрачјето на Центар три машки лица физички го нападнале и му одзеле велосипед и паричник со пари и лични документи.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.