Останаа многу неискажани зборови и чувства само затоа што мислевме дека имаме време...

Колку многу неискажани работи, чувства и неизговорени зборови кои сакавме да им ги кажеме на другите останаа неискажани и неизговорени само затоа што мислевме дека имаме време?

Уште колку време мислиме дека имаме за да ги поправиме работите кои се расипале, да го проживееме животот кој не сме го живееле? А навистина ништо не е сигурно на овој свет. Никој од нас не знае кога ќе дојде нашиот последен момент и затоа ајде да престанеме да си го губиме времето и емоциите на работи кои немаат врска со нас и работи кои нѐ празнат, на случки кои немаат никакво значење. Да го искористиме ова време коешто го имаме и да патуваме, создаваме, истражуваме, да го направиме овој свет малку подобро место отколку што е. 

Затоа ајде денес да одвоиме доволно време за најблиските, за оние кои ни се во срцето и да не дозволиме нашиот дом да биде само едно обично место каде познаници се собираат. Ако денес не покажеме некому дека го сакаме, тоа нема да го направиме ни утре, а денот кога планираме да го направиме тоа можеби и никогаш нема да дојде. 

Да го живееме животот со полни гради и секој ден да го направиме незборавен! 

Еден ден, кога нашиот песочен часовник ќе истече, нема да се каеме за ниту еден момент, затоа што секој од нив бил токму онаков каков што требало да биде, онаков каков што сме сакале да биде и онаков каков што сме заслужиле да биде!