Основното училиште „Визбегово“ одбележува две години постоење

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски денеска сподели дека основното училиште „Визбегово“ одбележува две години постоење.

„Денес го славиме патрониот празник на нашето ново општинското училиште Визбегово. Втора година по ред го одбележуваме патрониот празник под мотото 'Мали ученици - големи соништа'. На еден посебен начин учениците заедно со наставниците го одбележаа овој патронат, истакна Костовски во објавата на Фејсбук.

Тој воедно упати благодарност до директорот Кадри Елези и наставниот кадар, за кои вели дека работат одлично и го развиваат училиштето.

Меѓу другото потсети дека вложиле над 106.000.000 денари за ова ново училиште.