Основното училиште „Наум Наумовски Борче" во Гази Баба добива нов систем за мерење и менаџирање со енергијата

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски денеска преку социјалните мрежи сподели дека ООУ „Наум Наумовски Борче" добива нов систем за мерење и менаџирање со енергијата – SEMM решение.

„Денес, заедно со министерката за Енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, присуствувавме на потпишување на договорот за донација на овој важен систем. Голема благодарност до Шпаркасе банка за донацијата и поддршката“, истакна Стефковски.

Тој додаде дека SEMM системот значи: поефикасно користење на енергијата, заштеда на трошоци, грижа за животната средина и транспарентност и одговорно управување.

„Работиме чесно, одговорно и домаќински. Продолжуваме со вакви проекти и во други училишта – за подобра, поодржлива иднина за сите наши ученици“, порача Стефковски.