Основното училиште „Лазо Ангеловски“ домаќин на Државното првенство во кошарка за машки

Од денеска до 19-ти март 2016 година основното училиште „Лазо Ангеловски“ ќе биде домаќин на Државниот натпревар во кошарка за машки.

Претходно, екипите на ООУ „Лазо Ангеловски“ во кошарка – женски и кошарка – машки на градските првенства се закитија со две први места.

На Градското првенство кошарка – женски што се одржа во ООУ „Лазо Ангеловски“ ја победија екипата на ООУ „Ѓорѓија Пулевски, а машката екипа ја совлада екипата на ОУ „Димо Хаџи Димов“ на финалето што се одржа во ОУ „Кузман Шапкарев“.