Основните училишта во општина Аеродром се подготвени за новата учебна година

Основните училишта во Општина Аеродром се подготвени да пречекаат околу 6.500 ученици и успешно да ја почнат новата учебна година.


Осумте училишта на територијата на општината деновиве ги привршуваат подготовките за успешен старт на новата 2018/2019 година.
Во текот на летото, додека траеше ученичкиот распуст, во училиштата интензивно се работеше на реновирање и поправки онаму каде што имаше потреба.

Дел од училниците, канцелариите, ходниците и фасадите беа варосани и исчистени, а дворовите уредени.


Општината Аеродром и годинава набави бесплатна училишна облека за сите ученици од основните училишта.