Основниот минерал за јакнење на имунитетот

Цинкот претставува минерал кој ја има истата улога како и витаминот Ц во третман на настинка и грип.

Тој претставува еден од најзначајните минерали во човековиот организам кој е важен во одржувањето на имунитетот и отпорноста на клетките на различни инфекции. Влегува во состав на повеќе од 300 ензими кои се важни за одржување на биохемиските процеси во организмот, меѓу кои се и оние ензими одговорни за синтеза на ДНК и РНК.

Неговата улога во организмот е:

  • Одржување на имунитетот
  • Производство на протеини и ДНК
  • Раст и развој на децата и за време на бременоста
  • Заздравување на рани
  • Чувството за мирис и вкус
  • Кај мажите, цинкот е важен за здравјето на простатата и плодноста (најголемата концентрација на цинк кај мажите се наоѓа во половите органи)
  • Кај жените може да ги ублажи предменструалните симптоми
  • Ги зајакнува коските, мускулите и ноктите
  • Го одржува видот (очната мрежница содржи многу цинк)

Недостаток

Недостатокот на овој минерал е најчест проблем во неразвиените земји и е одговорен за смрт на многу деца поради намален имунитет кој води до појава на инфекции. Во развиените земји овој недостаток е многу редок. Недостатокот на цинк не е нужно поврзан со нискиот животен стандард – и во развиените земји луѓето најчесто патат од недостаток на цинк поради неправилниот начин на прехрана и други нездрави животни навики, како што е конзумирањето на алкохол. Како симптоми на недостаток на цинк се јавуваат ослабен имунитет, спор раст и полов развој кај деца, намален апетит, ментални проблеми, алопеција (делумен или потполн губиток на косата), намалена сперматогенеза (создавање на сперматозоиди), импотенција, забавено заздравување на раните, пореметување во метаболизмот на витаминот А и појава на ноќно слепило, пореметување во чувството за мирис и вкус, и друго.

Намирници во кои е застапен цинкот се: говедско месо, мисиркино месо, пивскиот квасец, морските плодови, семки од тиква, сирењето, грашокот, сојата, млекото и млечните производи, јајцата и друго. Најчесто не се потребни суплементи на цинк, бидејќи го внесуваме со храната. Меѓутоа, кај вегетаријанците се јавуваат недостатоци на овој минерал, затоа што не конзумираат месо. Кај нив се препорачува да јадат доволни количини на јаткасти плодови и семки од тиква за да ги надокнадат резервите. Препорачана дневна доза за цинк изнесува 12 – 15 мг. Бремените треба да земаат 25 – 30 мг, а спортисти 15 мг на ден.

cheap nike air max 90