Оснoвна лекција: Тротоарите се за пешаци!

Од иницијативата „На точак“ повторно потсетуваат дека не смее да се доволува узрупација на јавниот простор во Скопје со паркирани возила. 

-Сите прекршоци се важни, но се минорни кога ќе се споредат со општата доминација и узурпација на јавен простор од автомобилите. Да ги направиме градовите за луѓе пред сѐ, градови во кои автомобилот е едно од повеќе можни средства. Алатка на луѓето, а не господар на просторот, пред правата за движење на луѓето!, велат оттаму споделувајќи порака од РСБСП од каде, пак, повторно, потестија дека тротоарите се наменети за пешаци. 

-Возилата се оставаат на паркинг, кој е наменет за тоа. Тротоарите служат за движење на пешаците. Да бидеме совесни и одговорни возачи!, велат од РСБСП.