Основците од „Стив Наумов“ од Автокоманда во посета на Општина Гази Баба

Денес во посета на просториите на општина Гази Баба беа учениците од општинското основно училиште Стив Наумов од Автокоманда.

Градоначалникот на Општината, Бобан Стефковски, оствари средба со учениците и информираше дека ги запознал со функционирањето на општинската администрација. 

-Учениците беа запознаени со функционирањето на општинската администрација, Советот на општината и ја посетија канцеларијата во која работи градоначалникот на општина Гази Баба. Имав можност да одговорам на интересни но сериозни детски прашања. Навистина ме радува фактот што дечиња кои се четврто одделение во основно образование поставуваа општествено одговорни прашања. Општина Гази Баба е отворена за сите! - порача Стефковски.