„Патот на шишето“ е едукативен проект во чии рамки 100 ученици со своите наставници од основните училишта „Гоце Делчев“, „Ѓорѓија Пулевски“ и „Блаже Конески“ од општина Аеродром имаа можност да посетат центри за рециклирање и одблизу да се запознаат со самиот процес на преработка на материјалите.
Учениците при посетата на „Екоцентар 97“ и „Гринтех МК“ добија јасна слика за процесот на рециклирање и неговото значење за зачувување на здравата и чиста животна средина, информираа надлежните.
„Патот на шишето“ се реализира од страна на Здружението „ИЕП“, со поддршка на Општина Аеродром во рамките на проектот „Clean AirDrom – нула цврст отпад во Општина Аеродром“ и има за цел да ја подигне свеста кај учениците за значењето на екологијата.