Основци од Аеродром и Желино промовираа меѓуетничка интеграција

Ученици од основните училишта „Димитар Македонски“ од Општина Аеродром и „Раметула Амети“ од село Чифлик, Желино, учествуваа на заедничка ликовна работилница.

Учењето надвор од училницата ја буди креативноста кај младите ‒ беше мотото на овој настан што неодамна се одржа во Желино, а на кој учествуваа по десетина ученици од шесто и седмо одделение од двете училишта.

Ваквите активности се поддржани од Проектот на USAID North Macedonia за меѓуетничка интеграција на младите во образованието и имаат цел да ги зближат различните етнички заедници.