Османи треба да се појави во судница поради тужба за навреда и клевета

Министерот за надворешни работи Бујар Османи треба да се појави во Основниот суд во Скопје, каде што треба да се одржи првото судско рочиште против него по тужба за навреда и клевета.

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) го тужи министерот поради неговата изјава во октомври за бугарската телевизија „БТВ“, кога кажа дека ММДЧП стои зад финансирање на македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград.

На 27 јануари 2023 година беше поднесена тужбата за навреда и клевета против Османи.