Османи има големи очекувања и од португалското претседателство за усвојување на преговарачката рамка

Министерот за надворешни работи Бујар Османи има големи очекувања и од португалското претседавање со Советот на ЕУ кога е во прашање усвојувањето на преговарачката рамка за Северна Македонија. Во првичните контакти што ги имале со португалското претседателство била искажана сериозна намера да се продолжи процесот за проширување што остана од германското претседавање со Унијата. Османи најави дека денеска попладне ќе има кординација со цел утврдување на нов календар на активности во рамки на новите околности, бидејќи, како што рече досегашната динамика била утврдена како за успешен завршеток во рамки на германското претседателство.

-Ние имавме големи очекувања дека рамката ќе се усвои во декември за време на германското претседателство и тоа направи надчовечки напори со цел надминување на разликите со Бугарија, но, очигледно пречките беа големи за тоа да се случи. Очекувањата се големи и за португалското претседателство. Претседателставата функционираат во рамки на тријада, односно на три претседателства кои ги координираат активностите насоките и политиките, така што очекувам Германија да продолжи со својот ангажман и во текот на португалското претседателство. Според првите контакти со португалското претседателство, тоа има серозна намера да се ангажира процесот да се продолж од таму каде го остави германското претседателство и побрзо да се најде решение за разликите со цел да се одржи првата меѓувладина конференција односно да се усвои преговарачката рамка, рече на денешната прес-конференција Османи.

Министерот за надворешни работи најави дека деновиве ќе испратат дипломат во Португалија, со цел тој да биде во контакт со португалските власти. Но, рече, истовремено ќе продолжи и комуникацијата со другите земји членки паралелно со комуникацијата со Бугарија.

Тој за денеска попладне најави координација со цел, како што посочи, да се утврдат насоките како понатаму во комуникацијата со Бугарија во однос на надминување на разликите.

-Ќе имаме координација со премиерот, не во смисла на урврдување насоки, туку утврдување на пристап и динамика, бидејќи сепак е прв работен ден и сметавме дека треба да се стави приоритет на ова прашање и  да седнеме и да видиме како понатаму во рамки на португалското претседателство, бидејќи целата наша динамика, целиот наш календар беше подготвен за успешен завршеток во време на германското претседателство. Тоа значи ќе треба адаптирање на нашите активности во рамки на новите околности и мислам дека е добро што еве и премиерот и Владата ова прашање го ставаат како најважен приоритет веќе на првиот работен ден ја имаме координацијата и со тоа ние сме подготвени да не изгуби ниту еден ден во комуникацијата со цел изнаоѓање на решение, рече Османи одговарајќи на новинарско прашање.

Тој истакна дека засега не е договорена средба со министерката за надворешни работи Екатерина Захариева во контекст на разговорите за надминување на проблемите. Средба би требало да има, рече Османи, по повод два формални повода – потребата за одржување на правата меѓувладина конференција која треба да се закаже во првите месеци од годината, и по повод поканата за трилареталната иницијатив.

Ние, рече, сме подготвени да почнеме уште од денеска со комуникација бидејќи мислиме дека е важно да не се изгуби ниту еден ден за да се фатат наредните рокови за самитите кои доаќаат за проеговори со ЕУ.

-Немаме никаква резерва во однос на тоа прашање нашите ставови се јасни, има разработени бројни предлози во изминатиот период. Дел од нив се комуницирани со Бугарија и очекувам тие да бидат основа за натамшнио продолжување на разговорите. Точно е дека последниот предлог беше од наша страна на кој се уште не сме добиле одговор. Се додека нема иницијални сигнали дека тие предлози од било која страна можат да бидат прифатливи за двете страни и можат да станат основа за договор не би можел да навлезам во детали бидејќи се во фаза на еднострани предлози и идеи, рече министерот за надворешни работи Османи.