Османи-Гир: Младите важен дел од евроинтеграциите и Берлинскиот процес

 Младите клуѓе кои знаат што сакаат и имаат идеи мора да бидат дел од дебатата за иднината на Европа и за иднината на С. Македонија.

Ова го   истакна евроамбасадорот Дејвид Гир во изјава за медиумите пред средбата со претставници на младите од различни институции и организации во Република Северна Македонија организирана во МНР во рамки на копретседавањето со Берлинскиот процес, а со цел размена на мислења  и отворање на дискусија  поврзани со  младински политики и нивната инклузија во актуелни процеси на национално и регионално ниво.

-Младите знаат што сакаат и имаат многу идеи за можните решенија. Потребни ни се такви луѓе и мора да се осигураме дека тие ќе бидат дел од дискусиите кои ги имаме. Дел од тие дискусии беше и оваа иницијатива за заеднички регионален пазар, Тие исто така треба да бидат интегрирани во процесот на пристапување, во различните реформи кои што се спроведуваат и се формирани на еден различен начин за да имаат поголеми придобивки од нив во иднината. Ја имаме Иневстициската програма која што беше најавена на 7 октомври која е направена за справување со Ковид-19, но таа вклучува и многу други елементи,нагласи Гир

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, како домаќин на средбата истакна дека Берлинскиот процес со кој земјата копретседава годинава заедно со Бугарија, има многу содржини, а една од нив која е многу важна е токму темата за младинската регионална соработка..

-Заедничка констатација е и се повеќе станува високо на агендата на ЕУ, потребата од инклузивност на младите во донесувањето на важните политички одлуки, меѓутоа и нивно вклучување во сите општестевни процеси, вклучувајќи ја и регионалната соработка,Регионалните иницијативи кои се случуваат во рамки на Берлиснкиот птроцес- – четирите слободи – слободното движење на луѓето, на производите, услуги е значиелна можност за младите да се најдат во овој нов заеднички пазар кој што го градиме и дека новата екононска иницијатива на ЕК од 9 милијарди евра ќе даде живот на ваквите регионлни иницијативи и младите да останат тука. рече Османи.

На средбата присуствуваше и амбасадорот на Република Бугарија во РСМ, Aнгел Ангелов,  и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски. Изјаснувањата на младите на денешниот состанок од различни институции и органзации и претствници на РИКО ќе се најдат во заклучните согледувања од самиот што ќе се одржи на 10 ноември во Софија

Местото и улогата на младите во регионалната соработка е нераскинлив дел од самиот почеток на Берлискиот процес и резултираше со отворање на Регионалната канцеларија за млади – РИКО во Тирана, а целта е младите да се вклучат во регионалните процеси, затоа што се препознаени како важен елемнт во надминување на предрасудите во регионот.