Ослободете се од стресот и нервозите и вдишете длабоко

Дали знаете дека само пар минути длабоко дишење може комплетно да го смири целиот организам и да го регенерира вашето битие? Зборуваме за само неколку минути во денот!

Пранајама (техника на дишење) буквално значи управување со виталната животна енергија преку дишење. Техниките на дишење ја зголемуваат животната енергија.

Древните мудреци оваа техника и ја препорачувале на луѓето за исцелување на физичките и психичките тегоби, а со тоа и за подобрување на целокупното здравје.

На нашето дишење влијае и нашата емотивна и умствена состојба. Кога сме под стрес, во хаос, возбудени, тажни и слично, нашиот здив е краток, а тоа на телото му дава сигнал дека нешто се случува и тоа е постојана состојба на приправност. Тоа влијае на нервниот систем и на сите органи и внатрешни процеси, што резултира со дисбаланс во нашето тело.

Повеќето луѓе диша плитко, само преку белите дробови. Но, дали сте знаеле дека кога сме биле бебиња сме го користеле и дишењето преку стомакот?

Што е потребно за да можеме длабоко да дишеме?

Добро да ја проветрееме просторијата во којашто ќе ги вежбаме техниките на дишење.

Удобно да седнеме, важно е ‘рбетот да е исправен.

Цело време да сме фокусирани на дишењето.

Рацете ги ставаме на колената, дланките поставени нагоре.

Вниманието го насочуваме на пределот на стомакот (може да се стави и дланката на стомак).

Полека и свесно вдишуваме колку што можеме повеќе воздух, воздухот доаѓа до сите подрачја на стомакот и стомакот полека се движи напред (броиме до 8).

Кратко го задржуваме здивот (броиме до шест).

Бавно издишуваме, како папокот да го повлекуваме навнатре и целиот воздух од белите дробови и стомакот целосно го издишуваме (броиме до осум).

И ова го повторуваме неколку пати. За оваа вежба доволни се 3-5 минути.

Зошто е важно длабокото вдишување и издишување?

Ја намалува умствената и емотивната напнатост

Го смирува нервниот систем

Внесуваме поголема количина на кислород во оранизмот

Се создава рамнотежа на работата на внатрешните органи

Се зголемува количината на витална енергија

Се зголемува капацитетот на белите дробови

Се смирува целиот организам и ни помага да дојдеме до состојба на опуштеност и мир.