Апсолутно потреба. Нема двоумење дека осигурувањето на домот е потреба, а не луксуз. Природно е да сакате да го заштитите вашиот дом од штета предизвикана од природни катастрофи, несреќи и кражби. Можете да изберете кој било план понуден од популарни типови полиси за осигурување на домови во земјава, а отсега за прв пат во земјава, осигурувањето на домот можете да го добиете и во продажните салони на А1 Македонија. Доколку сте корисник на A1 Combo пакет, љубезните продажни агенти ви ја ставаат на располагање и осигурителната комбинирана полиса од Триглав осигурување и тоа за само 199 денари месечен надоместок вклучен во сметката за користење на А1 услугите.
Комбинираното осигурување на дом од Триглав овозможува низа поволности за безгрижно живеење. Пакетот обезбедува покритие за станбениот објект и покуќнината, како и за готовина, хартии од вредност, скапоцености, лични исправи, документи и друго. Притоа, штити од пожар, излевање на вода од инсталации и други опасности во домот, од провална кражба и разбојништво, како и одговорност кон трети лица, односно штети предизвикани кај соседите. Ова осигурување обезбедува и асистенција за домот, услуга, која што на клиентите на Триглав им нуди помош и 24-часовна поддршка, кога таа им е најмногу потребна. Асистенцијата е достапна на бесплатниот телефонски број 0800 90 550.
Со ова, со A1 Combo пакетот, покрај постојана поврзаност, неограничена комуникација и атрактивни телевизиски содржини, за прв пат корисниците на А1 можат да добијат услуга за осигурување на својот дом и и тоа по исклучително поволни услови на пазарот.