Оштина Кисела Вода го исчисти каналот во Пржино

Општина Кисела Вода спроведе акција за целосно расчистување на каналот во Пржино.

Сезонските работници ангажирани од Општината извршија рачно и машинско чистење на нараснатата ниско стеблеста вегетација и одложените отпадоци од страна на несовесни граѓани во каналот.

Локалната самоупрва продолжува со редовните активности за расчистување на сметот и косење на тревните површини на својата територија.