Оштетени повеќе автомобили во Скопје - Ветрот урна дрвја и искина кабли

Во Скопје, како резултат на силниот ветер во скопската котлина, на шест локации се пријавени паднати дрвја и искинати кабли, при што е причинета материјална штета на повеќе автомобили, информираа утрово од Центарот за управување со кризи. 

За состојбата се известени Секторот за внатрешни работи Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“, кои преземаат мерки во рамки на своите надлежности.

Во врска со поплавите од претходните денови во селата Чајлане, Буковиќ и Семениште, состојбата постепено се нормализира, додаваат надлежните. 

Нивото на реката Вардар е намалено во однос на претходните три дена и во моментов нема опасност од излевање.