Оштетен минибус кој превезувал навивачка група од Охрид - група граѓани го нападнале додека се движел по патот Прилеп-Ресен

Оштетен минибус на патот Прилеп-Ресен кој превезувал навивачка група од Охрид.

Како што се наведува во полицискиот билтен, синоќа во 23:15 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Прилеп-Ресен, кај крстосница Ротино и Кукуречанска крстосница,  минибус „мерцедес" со охридски регистарски ознаки, сопственост на приватна фирма од село Коњско, охридско, кој превезувал навивачка група од Охрид, движеќи се по патот бил оштетен од група граѓани при што се направени оштететувања на автобусот.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот, по што ќе бидат поднесени пријави.