Оштетен македонски автомобил во Солун, ја откорнале табличката и го мавале со јајца

Средношколци кои протестираа против Договорот од Преспа оштетиле автомобил со македонски регистарски таблички паркиран во Солун.

Како што пренесуваат грчките медиуми група демонстранти ја откорнале регистарската табличка, а возилото го мавале со ѓубре и јајца.

Според грчките медиуми демонстрантите биле испровоцирани од меѓународната ознака МК на табличките. Според Договорот од Преспа во иднина ознаката на регистарските таблички на возилата наместо МК ќе биде НМК.